Партизан и Раул Гонзалес победнички низ Автокоманда

Раул Гонзалес како тренер на Партизан победнички заминува од Автокоманда, победувајќи го Кирил Лазаров и „сино-белите“ со 39-31 во премиерниот меч за македонскиот тим во Регионалната лига.

Имаа гостите предност во голем дел од средбата, а во средината на второто полувреме „црно-белите“ направија предност од 4-5 гола која беше клучна за конечниот резултат.

Од странските засилувања кај тимот од Автокоманда го немаше само Сухолежник. Цехте постигна 5 гола, Борозан двапати се запиша во листата на стрелците, исто колку и Борзаж, додека Исланѓанецот Тордарсон остана без голови.

Гостите од Белград имаа предност од „плус 9“ во самата завршница, и на крај разликата беше високи осум гола гола, кои не се вистинскиот одраз на силите. Но, победата е заслужена за Партизан.