Искусен чувар на мрежата ќе го брани голот на Овче Поле

Прволигашот Овче Поле продолжува со засилувањето на ростерот пред новата сезона, во која тимот од Свети Николе ќе атакува на подобар пласман.

Нов член на Овче Поле е голманот Никола Кизиќ, кој зад себе има богато домашно искуство. Во кариерата настапуваше за Вардар Јуниор, Струга, Пролет, Драчево Јуниор, Аеродром и Јехона, а има и интернационално искуство од настапите во Косово.

Кизиќ треба да донесе дополнителен квалитет и сигурност на голманската позиција и да биде важна алка во составот на Овче Поле.

Клубот од Свети Николе претходно потврди и уште едно значајно име. Филип Петровски, еден од најдобрите стрелци во Првата лига во изминатите сезони, во новата сезона ќе го носи дресот на Овче Поле, а договорот го продолжи и капитенот Кристијан Стаменков.

Со ангажманот на Кизиќ и Петровски, Овче Поле продолжува да создава состав со кој ќе се обиде да направи чекор напред во новата сезона.