Македонската репрезентативка Катерина Дамјаноска ги одигра првите натпревари за нејзиниот нов клуб Таргу Муреш.
Романската екипа веќе одигра повеќе пријателски средби пред официјалниот старт на сезоната, а Дамјаноска полека си го наоѓа своето место во екипата.
Таргу Муреш го победи Миовени со 39-33, а кружниот напаѓач даде четири гола на оваа средба, додека во вториот меч против истиот ривал и победата со 38-29, македонската репрезентативка постигна еден гол.
Во поразот од Крајова со 34-31, кружниот напаѓач од Македонија беше стрелец на три голови.























