Новиот прволигаш Илинден го промовираше петтото ново име во своите редови за деби сезоната на ракометната сцена.
Средниот бек Петар Цветковски е најновото засилување во составот што ќе биде предводен од Дарко Јанев.
Иако има 21 година, Цветковски кој потекнува од Илинден Вардар, има големо суперлигашко искуство откако беше дел од составите на Бутел Скопје, Тиквеш и Радовиш во македонската елитна конкуренција.
Цветковски ги мина сите младински категории на Бутел Скопје, во 2022 година го водеше тимот до титула во кадетскиот шампионат и беше МВП, додека во 2024 година беше најдобар стрелец во младинската лига.
Претходно Илинден го промовираше стратегот Дарко Јанев и неговиот асистент Дејан Пецаковски, кои ќе го водат клубот.
Досега ростерот е пополнет со голманот Наум Симјановски, десното крило Матеј Филиповски, левото крило Иван Најдовски и левиот бек Лука Перуновски.
























