Илинден има ново десно крило – доаѓа Матеј Филиповски

Екипата на Илинден, која во новата сезона ќе настапува во Првата лига, продолжува со формирањето на ростерот и ангажираше нов ракометар.

Станува збор за Матеј Филиповски, кој игра на позицијата десно крило. Филиповски беше дел од младинските категории на Металург.

Претходно Илинден го промовираше стратегот Дарко Јанев и неговиот асистент Дејан Пецаковски, кои ќе го водат клубот.

Досега ростерот е пополнет со голманот Наум Симјановски, левото крило Иван Најдовски и левиот бек Лука Перуновски.