Денеска во Битола ќе се одигра првиот официјален натпревар од новата сезона, а ќе биде дел од Регионалната лига.
Српскиот шампион Партизан со Раул Гонзалес на клупата и македонскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер со Лино Червар ќе се судрат во првата рунда од новото натпреварување.
Двајцата некогашни македонски селектори ќе го имаат дебито на клупите на новите тимови и сите очекуваат интересна пресметка во Битола
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Партизан се игра вечерва од 18:00 часот во салата „Боро Чурлевски“ и се очекува да привлече големо внимание меѓу битолската публика.
Навивачите на битолскиот клуб ќе имаат шанса да ги видат на делот новите засилувања за Еурофарм Пелистер, но и на Партизан кој ќе игра во Лигата на шампионите.
























