Македонија водеше со пет гола, но на крајот загуби од Грција

Женската репрезентација на Македонија загуби на стартот на Медитеранските игри во Италија од селекцијата на Грција со 31-25.

Иако избраничките на Даниела Новеска, која смета на комбинирана селекција од кадетки и младинки, водеа во повеќе наврати со пет гола, а на паузата имаа плус четири, 14-10, сепак на крајот останаа со празни раце.

Големиот пад во вториот дел го искористија јужните сосетки, кои настапуваат скоро со цела сениорска селекција, која ќе игра на ЕП во декември.

Беше нерешено во 47 минута, 20-20, но тогаш затаи македонскиот напад, беа казнети сите грешки за 24-20 за Грција и до крајот веќе немаше дилеми околу победникот.

Десет гола за Македонија даде капитенот Леона Миленкоска, по три пати погодија Дона Тодоровска, Ања Лашкоска и Мила Ристовска.

Следен предизвик за Македонија ќе биде дуелот со Тунис на 24 август од 15:30 часот.