ОХРИД 2026: Младите „фараони“ седми, Олимпијакос последен

Младинската ререпрезентација на Египет го освои седмото место на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако славеше против Олимпијакос со 36-33.

Во првиот дел, Египет ја имаше контролата водеше и со четири погодоци, но грчкиот првак до паузата стигна до 14-14.

Во второто полувреме, Олимпијакос успеа да направи комплетен пресврт и да поведе со три гола, 25-22, но тоа не беше доволно.

Младите „фараони“ во финишот го искористија заморот кај грчкиот состав, кој сметаше на 12 ракометари, а згора на тоа Кудуз се повреди, а Шмит доби црвен картон.

Египет успеа да поведе со 32-29, и до крајот на мечот ја сочува предноста, па го остави Олимпијакос со „фенерот“ на овој турнир.

Во битката за петтото место ќе се соочат Војводина и Нексе Нашице од 12:30 часот, дуелот за третото место е меѓу Загреб и Тримо од 18:00, а во финалето ќе се борат Вардар и Охрид од 20:15 часот.