Познатиот ракометен менаџер потврди дека звучно европско име било блиску до потпис со македонски клуб. Преговорите сè уште не се целосно затворени, па Илиќ одби да открие за кој ракометар станува збор.
Македонскиот ракомет наскоро би можел да добие уште едно звучно засилување. Искусниот менаџер Братислав Илиќ, во разговор за 24Ракомет, откри дека големо европско име било блиску до потпис со македонски клуб.
Илиќ не сакаше да го открие идентитетот на ракометарот, бидејќи можноста за реализација на трансферот сè уште постои.
„Имаше таков играч. Не можам да го кажам името бидејќи работата сè уште е актуелна и постои можност тој да дојде“, откри Илиќ.
Оваа изјава дополнително го потврдува ставот на Илиќ дека Македонија повторно станува интересна дестинација за странските ракометари. Според него, добрите искуства на играчите кои веќе настапуваат во земјава брзо се пренесуваат меѓу нивните колеги.
„Кога една добра приказна ќе почне да се шири меѓу играчите, тогаш сите сакаат да дојдат во Македонија“, вели Илиќ.
Искусниот менаџер смета дека македонските клубови повторно можат да привлечат познати европски имиња, иако периодот на најголемите инвестиции во Вардар тешко може целосно да се повтори.
Тој нагласува дека Македонија располага со четири клубови кои можат да го подигнат нивото на домашното првенство, а во иднина очекува да се појави и уште еден амбициозен проект.
Кој е ракометарот што бил блиску до македонски клуб, Илиќ засега го задржа како тајна. Неговиот одговор, сепак, остава простор трансферот повторно да стане актуелен.
Целиот разговор со Братислав Илиќ можете да го прочитате на следниот линк:
Ракометен менаџер открива: Голем дел од трансферите ги договарам со сопругите
_________________________________________________________________________________________
▶▶▶ Добивај директно РАКОМЕТНИ ВЕСТИ вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите вести.
_____________________________________________________________________________________________________

























