Германија е новиот европски шампион во кадетска конкуренција, откако во финалето на EП во Белград убедливо ја совлада Словенија со 36-27 и ја освои четвртата титула во историјата на ова натпреварување.
За Македонија, најважната вест од завршницата на шампионатот е дека нашата кадетска репрезентација обезбеди пласман на Светското првенство за кадети во 2027 година, а оваа вест ја потврди ИХФ.
Македонија го заврши Европското првенство на 9. место, со што се најде меѓу 14 репрезентации кои преку континенталниот шампионат обезбедија билет за Мундијалот, плус шампионот Германија.
Покрај Македонија и Германија, пласман на СП 2027 обезбедија и Словенија, Данска, Шпанија, Исланд, Унгарија, Франција, Хрватска, Израел, Португалија, Австрија, Шведска, Србија и Полска.
Така, Македонија по одличниот настап во Белград ќе има можност следното лето повторно да се натпреварува на светската сцена, каде ќе се сретне со најдобрите кадетски репрезентации од целиот свет.
_________________________________________________________________________________________
Добивај директно РАКОМЕТНИ ВЕСТИ вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите вести.
_____________________________________________________________________________________________________























