Познати се најдобрите индивидуалци од Европското првенство за кадети кое се одржа во Србија. Во Ол-стар тимот се најдоа ракометари од шест репрезентации – Германија, Словенија, Исланд, Данска, Шпанија и Израел.
Најголемото признание, наградата за МВП на турнирот, му припадна на Словенецот Јака Подвршиќ, кој одигра одлично првенство и ја предводеше својата репрезентација до историско финале.
Германија и Словенија имаат најмногу претставници во Ол-стар тимот, по тројца ракометари. Европскиот шампион Германија ги даде најдобриот голман, лев бек и пикер, додека од редовите на финалистот Словенија доаѓаат најдоброто десно крило, најдобриот дефанзивец и МВП играчот.
Ол-стар тим на кадетското ЕП 2026:
Голман: Тјорвен Кнакштет (Германија)
Лево крило: Алекс Унар Халгримсон (Исланд)
Лев бек: Јулиус Ајзенд (Германија)
Среден бек: Емил Квистгард Бак (Данска)
Пикер: Малте Мартин Елзе (Германија)
Десен бек: Адријан Сола Бастера (Шпанија)
Десно крило: Макс Илч (Словенија)
Дефанзивец: Тјаш Ерчуљ (Словенија)
МВП: Јака Подвршиќ (Словенија)
Најдобар стрелец: Јонатан Пелах (Израел) – 97 гола
За најдобар стрелец на првенството е прогласен Јонатан Пелах од Израел, кој постигна неверојатни 97 гола и му помогна на својот тим да го освои 10. место.
Интересно е што Израел по вторпат во низа го има најдобриот стрелец на кадетското ЕП, откако пред две години тоа признание му припадна на Асаф Шарон.

























