Ол-стар голманката во идеалниот тим од Супер лигата во изборот на 24Ракомет за минатата сезона, Андреа Илиќ, ова лето го направи првиот трансфер во странство.
Како што најави 24Ракомет пред една недела, Илиќ ќе игра во женскиот тим на Плзен, кој се натпреварува во регионалната МОЛ лига заедно со словачките екипи.
Одличната голманка потекнува од Металург, а потоа долго време го бранеше голот на Вардар до ова лето.
Веќе е стандардна сениорска репрезентативка и имаше одлични партии во квалификациите за ЕП 2026.

























