Македонија ја доби драмата со Фарски Острови и се пласира на СП 2027!

Машката кадетска репрезентација на Македонија по голема борба и драматичен финиш успеа да ги совлада Фарски острови и да обезбеди пласман на следното Светско првенство за кадети!

Избраниците на Горан Кузманоски одиграа одлично прво полувреме и го контролираа резултатот. Македонија тргна силно во нападот, а одбраната беше главното оружје за создавање на предност. Фарските острови беа запрени во своите најдобри решенија, грешеа во нападот, а дополнителен проблем беше и исклучувањето на Халгримсон со црвен картон.

Македонија поведе со 5-2, па 10-6, а на паузата имаше плус пет, 18-13. Во нападот доминираа Стефан Ѓоргиески и Стефан Ѓоргиевски, а во второто полувреме кадетите продолжија во ист ритам и се одлепија на 24-17. Но противниците не се предадоа и мораше да се помачиме за триумфот.

Следуваше пад во игра, нападот станаа без многу решенија, а и Петар Николоски доби црвен картон. Фарски Острови израмни на 24-24, но Македонија одново отиде на плус три, 27-24. Потоа и Стефан Ѓоргиески доби црвен картон, противникот се врати на минус еден во финишот, 33-32.

Но голманот Николовски одбрани, потоа Костов се справи со пресингот на „овчарите“ и Македонија славеше со 34-32. Тоа значи битка за пласман од 9 до 12 место, а следен ривал ќе биде победникот од дуелот меѓу Португалија и Шведска.

Николовски заврши со 11 одбрани, а Стефан Ѓоргиески и Стефан Ѓоргиевски постигнаа по седум голови.