Ракометарките на Вардар ги започнаа подготовките за претстојната сезона во која ќе влезат како третопласирани од минатата сезона во Супер женската лига.
Избраничките на Даниела Новеска ќе тренираат во салата „Круме Кепески“ и ќе се подготвуваат за предизвиците што ги носи новата сезона на домашна и на меѓународна сцена.
Во новата сезона, „црвено-црните“ ракометарки ќе влезат со нов капитен – левото крило Леона Миленкоска ќе ја замени Андреа Илиќ, која се пресели во Чешка.
Вардарки останаа и без Таида Беровиќ, но дојдоа голманката Марија Дуновска и левиот бек Анастасија Тодоровска.
Ракометарките на „црвено-црниот“ тим ќе играат во ЕХФ Европскиот Куп, а во второто коло ќе се соочат со италијанскиот тим Бриксен на 3/4 и 10/11 октомври.























