Тимот на Пелистер активно работи на формирање на играчкиот ростер за претстојната сезона во која ќе се натпреварува во суперлигашка конкуренција.
По голманката Ана Марија Горговска, која дојде од Куманово, Алексија Ангелковска која дојде од Атлетик и Еџе Сејадин која дојде од Стружанка, битолчанки кон првиот тим приклучија талентирана ракометарка од младинскиот тим.
Станува збор за левиот бек Стефанија Ангеловска, која досега беше дел од младинскиот состав на битолчанки, но во новата сезона ќе има можност да се покаже кај Моника Талевска.
Битолчанки претходно ја продолжија соработката со Невена Бундоска и со Ана Стојчевска, а се разделија со голманката Симона Спиркоска и со левиот бек Анастасија Тодоровска.
























