По завршувањето на главната рунда, познати се осумте репрезентации кои ќе се борат за медалите на СП за кадетки во Романија.
Најголемото изненадување приреди Египет, кој со максимални пет победи ја освои првата позиција во својата група, пред Данска.
Историски успех оствари и Кина, која за првпат се пласира меѓу најдобрите осум селекции на светски шампионат, иако во последното коло беше поразена од Унгарија. Пласман во четвртфиналето изборија уште Шпанија, Црна Гора, Швајцарија, Словачка, Данска и домаќинот Унгарија.
Во последното коло од главната рунда Египет ја совлада Данска со 23-22 и го потврди првото место, Шпанија беше подобра од Црна Гора со 35-33, Унгарија ја победи Кина со 41-36, додека Словачка со триумфот над Швајцарија (32-27) обезбеди место меѓу најдобрите осум.
СП кадетки, четвртфинале:
Египет – Кина
Данска – Унгарија
Шпанија – Швајцарија
Црна Гора – Словачка


























