Актуелниот македонски шампион Вардар ќе има изменет распоред за два натпревари од групната фаза во Лигата на шампионите, објави клубот.
Домашниот натпревар од 2. коло против Нант, кој ќе се одигра на 16 септември во СЦ „Јане Сандански“, наместо во првично закажаниот термин од 20:45 часот, ќе започне во 18:45 часот.
Промена има и за гостувањето кај Висла Плоцк во 4. коло. Наместо на 15 октомври, дуелот во Полска ќе се игра еден ден порано – на 14 октомври, со почеток во 18:45 часот.
Од таборот на Вардар информираат дека останатиот дел од распоредот во групната фаза останува непроменет.
























