Потврда од Ѓорче – „кралицата на стрелците“ стана „лавица“

Левиот бек Марија Анчева е нова ракометарка на суперлигашот Ѓорче Петров 2, објави денеска клубот. Како што најави 24Ракомет, „кралицата на стрелците“ кај дамите ја смени средината и од штипски Астибо се пресели во Скопје.

Анчева од Штип се сели во Скопје и треба да биде едно од најважните имиња во составот на Ѓорче Петров 2. Станува збор за играч што постигнува многу голови, искуство и лидерски карактер, а токму таков профил му е потребен на клуб кој сака да биде сериозен кандидат за висок пласман.

Претходно потписи на договорите со Ѓорче Петров 2 ставија левите бекови Савица Мркиќ Стојанов, Антонела Ѓероска, Миа Маринчов, Марија Димоска и Бојана Георгиевска, средните бекови Меланија Јовановска, Jана Петровска, Михаела Димитриевска и Ева Ѓорѓиевска, пивотите Мирјана Наумоска и Симона Блажеска, десниот бек Тара Аврамоска, десните крила Бојана Паловска и Сара Ристовска, левите крила Ангела Цветановска и Теодора Спасоевска, како и голманките Дарија Наумоска, Софи Гошевска и Сара Илиоска.

Ѓорче Петров 2 го освои второто место во Првата лига и се врати во суперлигашката конкуренција по триумфот над Пелистер во бараж пресметката.