Денеска во Скопје со учество на осум селекции ќе стартува ЕХФ шампионат за кадети, кој носи пласман на младинското ЕП 2028.
Најдобрите три репрезентации од овој шампионат во салата „Расадник“ ќе го обезбедат местото на младинското ЕП за две години.
Во Скопје ќе ги гледаме селекциите на Грција, Украина, Летонија, Естонија, Литванија, Романија, Холандија и Луксембург.
На 3, 4 и 6 август се натпреварите од групната фаза, на 8 август ќе се играат полуфиналните средби, додека финалето е на прогрмата на 9 август од 19:30 часот.
Билетите се во продажба на МКТикетс, а можат да се купат онлајн ТУКА.
ЕХФ шампионат, распоред на натпревари:
Понеделник | 03 август
12:00 Летонија – Украина
14:15 Романија – Литванија
16:30 Холандија – Естонија
18:45 Грција – Луксембург
Вторник | 04 август
12:00 Литванија – Украина
14:15 Романија – Летонија
16:30 Луксембург – Естонија
18:45 Грција – Холандија
Четврток | 06 август
12:00 Украина – Романија
14:15 Летонија – Литванија
16:30 Естонија – Грција
18:45 Холандија – Луксембург

























