Машката кадетска репрезентација на Македонија денеска има ден одмор на Европското првенство во Србија.
Избраниците на Горан Кузманоски заслужија многу повеќе од три порази во групната фаза, особено по прикажаното со Словенија, па и со Шведска, но тие се веќе архивирани и сега македонските кадети се вртат кон следните битки.
Во разигрувањето за пласман од 13 до 24 место, Македонија ќе се соочи со Италија и Турција, кои губеа убедливо од Србија и Германија во прелиминарната рунда.
Со две победи, што поубедливи, но и со резултати од другите две групи од разигрувањето, Македонија може да продолжи во разигрувањето од 9 до 16, а со самото тоа да го обезбеди опстанокот меѓу најдобрите селекции за младинското ЕП 2028 и да се бори за пласман на кадетското СП 2027.
Доколку не успееме во таа мисија, ќе следи разигрување за пласман од 17 до 24 место, па ќе следат уште три битки за опстанок на ЕП.
Мечот со Италија се игра утре од 14:30 часот, додека пресметката со Турција е на програмата од 12:00 часот во вторник.
























