Македонската репрезентативка Андреа Седлоска по шест години си замина од хрватската Локомотива Загреб и ќе има нов предизвик во кариерата.
Според информациите на 24Ракомет, Седлоска се наоѓа пред трансфер во турскиот Ускудар, иако во комбинација се и други клубови од Турција и Унгарија.
Левиот бек играше шест сезони за хрватскиот вицепрвак, но сега ќе бара нов играчки предизвик.
Седлоска пред да замине во Загреб во Македонија долго време го носеше дресот на Вардар, а пред да стане сениорска репрезентативка ги мина сите младински селекции.

























