Македонскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер го претстави новиот дрес со кој ќе настапува во сезоната 2026/27.
Битолскиот клуб преку своите социјални мрежи го промовираше новиот изглед на гарнитурите, кои остануваат верни на традиционалните клупски бои и кои ќе ги носат ракометарите во сите домашни и европски натпреварувања.
Еурофарм Пелистер во новата сезона ќе се обиде повторно да се врати на врвот на македонскиот ракомет.
Покрај настапите во Супер лигата и Купот на Македонија, избраниците на Лино Червар ги очекува и настап во Лигата на Европа.
Битолчани веќе ги започнаа подготовките за новата сезона под водство на искусниот хрватски стратег, а во следниот период ќе следуваат интензивни тренинзи и контролни натпревари, пред официјалниот старт на сезоната.
























