Светската ракометна федерација ги објави делегирањата за натпреварите од третото коло на Мундијалот за кадетки во Романија.
Македонскиот двоец Даниело Божиновски и Виктор Начевски ќе биде третпат на терените низ арените каде се игра СП.
Тие ќе го судат натпреварот меѓу Холандија и Португалија, натпревар што се игра од 15:15 часот во Питешти.
Ова е дуел од групата Д, каде што Црна Гора е прва со четири бода и оди понатаму, додека Холандија и Португалија меѓусебе ќе решат кој ќе биде вториот патник во главната рунда.
























