Машката кадетска репрезентација на Македонија ја очекува третиот натпревар на Европското првенство во Србија.
Ривал на избраниците на Горан Кузманоски ќе биде селекцијата на Шведска, а овие две селекции ќе играат за третото место во групата, бидејќи по две кола Франција и Словенија обезбедија главна рунда.
Македонија покажа против Словенија дека може да се носи со силните селекции, а мечот со Шведска која дојде во Србија како шампион, ќе биде важен во битката за пласман на Светското првенство наредната година.
Натпреварот меѓу Македонија и Шведска се игра во СЦ „Шумице“ со почеток од 12:00 часот.
























