Шведска загуби вторпат, Србија извлече реми во драмата со Германија

Европскиот шампион Шведска нема да ја брани титулата на кадетското Европско првенство, откако по поразот од Франција, загуби и од Словенија, и тоа со убедливи десет гола разлика.

Тоа значи дека Шведска и Македонија ќе се борат за третото место во група и за два бода во разигрувањето за пласман.

Домаќинот Србија успеа да извлече реми со Германија, и сега ќе и биде доволно да освои бод со Италија во третата рунда за пласман во ТОП 12.

Покрај Франција и Словенија, во ТОП 12 се пласираа и Хрватска, Исланд, Данска, Полска и Шпанија.

ЕП кадети, 2 коло, резултати:

Група А
Франција – Македонија 36-25
Шведска – Словенија 33-43

Група Б
Германија – Србија 27-27
Италија – Турција 41-23

Група Ц
Португалија – Хрватска 24-26
Чешка – Израел 30-30

Група Д
Швајцарија – Црна Гора 36-28
Унгарија – Исланд 28-41

Група Е
Данска – Норвешка 42-25
Словачка – Полска 33-38

Група Ф
Австрија – Финска 20-25
Шпанија – Фарски Острови 37-32