Машката кадетска репрезентација на Македонија денеска ќе го одигра вториот натпревар на Европското првенство во Србија.
По вчерашниот пораз од Словенија, избраниците на Горан Кузманоски немаа многу време за анализа како се случи да испуштат водство од седум гола, па мораа да се подготвуваат за Франција.
Французите со 31-26, по малку изненадувачки, ја совладаа Шведска, која имаше перфектен подготвителен период. Најмногу внимание ќе треба да се обрне на средниот бек Ноа Калбри и десниот бек Исак Сејар.
Македонија мора да слави ако сака да ги сочува шансите за главната рунда, во спротивно ќе разигрува за пласман.
Натпреварот меѓу Македонија и Франција ќе се одигра денеска во салата „Бањица“ со почеток од 12:00 часот, додека од 17:30 часот ќе се соочат Шведска и Словенија.
























