Македонскиот шампион Вардар го доби распоредот за шесте кола од групната фаза во Лигата на шампионите за претстојната сезона.
„Црвено-црните“ ќе ја започнат европската авантура на гостински терен против Мелсунген, а првиот домашен натпревар во СЦ „Јане Сандански“ ќе го одиграат една недела подоцна против француски Нант.
ЕХФ ги објави саатниците за шестe рунди, а Вардар ќе игра четири натпревари во вечерниот термин од 20:45 часот и два меча од 18:45 часот.
Распоред на Вардар:
1. коло (10 септември), Мелсунген – Вардар, 20:45 часот
2. коло (16 септември), Вардар – Нант, 20:45 часот
3. коло (8 октомври), Вардар – Висла Плоцк, 20:45 часот
4. коло (15 октомври), Висла Плоцк – Вардар, 18:45 часот
5. коло (21 октомври), Нант – Вардар, 20:45 часот
6. коло (28 октомври), Вардар – Мелсунген, 18:45 часот
_________________________________________________________________________________________
▶▶▶ Добивај директно РАКОМЕТНИ ВЕСТИ вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите вести.
_____________________________________________________________________________________________________
























