Машката кадетска репрезентација на Македонија пристигна во Белград денеска попладне, а вечерва го одработи единствениот тренинг.
Избраниците на Горан Кузманоски тренираа во салата „Бранислав Покрајац“, позната повеќе како „Бањица“, домот на српскиот шампион Партизан.
Селекторот ги подели последните совети, од утре почнува Европското првенство, а наш прв ривал е селекцијата на Словенија.
Мечот меѓу Македонија и Словенија е на програмата од 12:00 часот, а од 17:00 ќе се соочат Шведска и Франција.

























