Вардарци во погон – Чупиќ прозиваше, шампионот тргна во новата сезона

Ракометарите на Вардар го имаа првиот собир и ги започнаа подготовките за претстојната сезона во која ќе имаат големи амбиции.

Пред „црвено-црните“ стои предизвик и одбрана на двојната круна во Македонија, но и успешен настап во Лигата на шампионите и Регионалната лига.

Тренерот Иван Чупиќ ќе смета на изменет ростер за претстојната сезона, а клубот остана без деветмина ракометари – Горига, Танкоски, Пинто, Еспиња, Кавада, Боно, Богдановски, Марчињак и Стаменковиќ.

Дојдоа десниот бек Мохаб Абделхак, голманот Милан Бомаштар, левиот бек Леон Љевар, средниот бек Матео Фадуил, како и кадетските репрезентативци Бобан Поповски и Марко Ѓорчески, но и средниот бек Никола Начовски од младинскиот состав.

Вардарци ќе се подготвуваат на домашно тло, ќе бидат и во Маврово, а пред стартот на Регионалната лига ќе играат и на турнирите во Струга и Охрид.

 

_________________________________________________________________________________________
▶▶▶  Добивај директно РАКОМЕТНИ ВЕСТИ вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите вести.
_____________________________________________________________________________________________________