Тимот на Бутел Скопје започна нова ера со легендарниот Стојанче Стоилов на клупата кој го замени Горан Кузманоски.
Стоилов го имаше првиот тренинг во новата екипа, која ќе се подготвува на два турнири за претстојните суперлигашки предизвици, но и за настапот во ЕХФ Европскиот Куп.
Бутел Скопје ќе биде дел од турнирите во Струга и Прилеп и ќе има квалитетни проверки за новата сезона, во која стартува на домашен терен против Младост Богданци на 5/6 септември.
Бутелци ова лето останаа без браќата Узунчеви, искусните голмани Стојаноски и Трајкоски, Новаковски, Киселовски, Ѓурмешевиќ и Шилегов, но го пополни својот ростер со голманите Богдановски и Чаневски, левите крила Аврамовски и Симоновски, како и бековите Ѓорѓески, Аксентиев и Стаменковиќ, но екипата допрва треба да се комплетира со нови имиња.
Нови договори беа потпишани со Каевски, Јаневски, Зенговски, Спасовски, Михајловиќ, Тодески…


























