Од 2027 година Македонската Супер лигата ќе се игра по друг систем

За оваа сезона машката Супер лига ќе се игра по стариот систем, во кој ќе има 12 екипи кои после регуларниот дел ќе разигруваат за титулата и за опстанок. Но, од сезоната 2027/2028 година ќе има поинаков систем, особено во делот на разигрувањето.

Ракометната федерација на Македонија размислува да направи измена која треба да донесе посилен регуларен дел, и уште понеизвесен плејоф. Нема да се менува бројот на екипи, но ќе се игра поинаку. Така ќе може да биде вклучен и календарот од Регионалната лига, без поголемо оптоварување за клубовите, па и за оние што настапуваат во европските купови.

Според предлогот во Супер лигата ќе играат повторно 12 екипи кои во регуларниот дел ќе одиграат 22 кола. Потоа екипите ќе бидат поделени во три групи.

Во првата група ќе играа клубовите кои во регуларниот биле од 1 до 4 место. Тие ќе разигруваат за титулата. Во втората група би биле екипите од 5 до 8 место и тие би се бореле за пласман во европските купови, а во последната група би биле екипите што во регуларниот дел биле од 9 до 12 место. Тие би се бореле за опстанок.

 

▶▶▶  Добивај директно РАКОМЕТНИ ВЕСТИ вести на твојот мобилен телефон
VIBER GROUP – https://abit.ly/viber-24rakomet
Со еден клик до сите вести.