Поранешниот македонски репрезентативец Дејан Манасков нема да биде дел од Еурофарм Пелистер во наредната сезона.
По три сезони во Битола, левото крило и клубот не се договорија за продолжување на соработката, па Манасков ќе побара нова средина.
Тој беше меѓу најдобрите поединци минатата сезона во Еурофарм Пелистер, а во претстојната сезона клубот ќе ги има на располагање Цветан Кузманоски и Петар Атанасијевиќ на таа позиија.
Покрај за Еурофарм Пелистер, Манасков на домашна сцена настапуваше за Вардар и Металург, а на европска сцена ги носеше дресовите на бундеслигашите Рајн Некар и Вецлар, како и унгарскиот гигант Веспрем.
























