Бинго го продолжува престојот на Кипар

Францускиот ракометар Арно Бинго, кој минатото лето замина од Автокоманда, ќе го продолжи својот престој на Кипар.

Искусното лево крило потпиша нов договор со кипарскиот шампион Анортозис Фамагуста и повторно ќе настапува во ЕХФ Европскиот Куп.

Претходно тој играше за француските клубови Вилербан, Трембле и Монпелје, а потоа ги бранеше и боите на португалските гиганти Спортинг и Бенфика.

Некогашниот француски репрезентативец беше меѓу најдобрите во тимот на Анортозис минатата сезона и натаму ќе биде дел од овој клуб.