Кружниот напаѓач Стефан Атанасовски не е повеќе дел од тимот на Тиквеш и ќе има нов предизвик во кариерата.
Тој мина една полусезона во Кавадарци, но летово му заврши договорот и ќе побара друга средина.
Атанасовски во својата кариера настапуваше за бројни клубови во Македонија и во странство. Овој 25-годишен ракометар потекнува од школата на Вардар, а во својата кариера има настапи и за Работнички, Куманово, Пролет, Струга, Раховец (Косово), Ал Араби (Катар) и Ал Мудар (Саудиска Арабија).
Познат е по својата висина и корпуленстнст, а има настапи и во СЕХА лигата и во Лигата на шампионите со екипата на Вардар.
























