Тимот на Еурофарм Пелистер ги откри деталите околу продажбата на сезонските влезници пред стартот на новата сезона.
Од 27 до 30 јули навивачите на пелистерци што имале сезонски билети од минатата сезона, ќе може да ги задржат истите и за новата сезона.
Од петок (31 јули) ќе започна продажбата на сезонските билети по цена 4.000 денари (странични места) и 4.500 денари (централни места) за сите натпревари.
Со сезонските билети, „Чкембари“ ќе може да ги следат сите дуели од Супер лигата, Купот на Македонија, Регионална лига и Лигата на Европа на Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2.
Првиот официјален натпревар на Еурофарм Пелистер во Битола ќе биде на 23 август против Партизан, додека Еурофарм Пелистер 2 за првпат ќе биде на терен на 12 септември и ќе игра против тимот на Кирил Лазаров.

























