Левото крило Димитар Коцев и наредната сезона ќе ги брани боите на Тиквеш од Кавадарци и заедно со голманот Велков ќе биде играчот со најдолг стаж во клубот.
Неготинецот со години е незаменлив во кавадаречкиот состав и секогаш меѓу најдобрите стрелци, но и играч со одлични дефанзивни карактеристики.
Тој се пресели во соседството во 2019 година и слената сезона за него ќе биде осма во тимот на Тиквеш.
Кавадарчани полека се екипираат. Тренерот Кристијан Грчевски останува на кормилото, нови засилувања се левите бекови Мохамед Бен Махфуд и Тоше Ончев, средниот бек Томислав Димковски, голманот Бојан Солев, како и пикерот Борјан Цековскки.
Покрај на домашната сцена, Тиквеш ќе биде активен и во ЕХФ Европскиот Куп, а таму за ривал во првото коло го има составот на Еш од Луксембург.


























