Тимот на Струга го започна екипирањето за наредната сезона, а второто ново име би требало да биде искусен десен бек. Според информациите на 24Ракомет, битолчанецот Пеце Рајатоски би можел да се врати во Струга, каде што играше во сезоната 2020/21.
Тој не е повеќе дел од Прилеп каде што мина три сезони и ќе има нов предизвик во кариерата. Рајатоски е поранешен репрезентативец на Македонија во младинските категории, а има настапи и на големи натпреварувања.
Станува збор за ракометар што може да одговори и на бековската, но и на крилната позиција. Потекнува од битолската школа, ги носеше дресовите на Пелистер, Струга, Прилеп во два наврати, Голден Арт, а има и интернационално искуство во косовскиот тим Кастриоти.
Стружани летово останаа без десниот бек Мајдуб (Младост Богданци), Наум Костов и Филип Мечкароски се преселија во Куманово, додека Војо Клењоски замина во Автокоманда во тимот на „витамините“.

























