Четири легендарни ракометарки кои дел од своите кариери минаа во Будуќност формираа нов клуб во Црна Гора.
Станува збор за тимот на Лавици, кој го формираа четири ракометарки чии имиња се врзани за најголемите успеси на женскиот црногорски ракомет.
Милена Раичевиќ, Анѓела Булатовиќ, Соња Бајрактаровиќ и Радмила Петровиќ го создадоа новиот клуб, чија промоција е закажана за 16 јули.
Дали Будуќност ќе добие силен конкурент каков што го нема одамна во Црна Гора или Лавици полека ќе го градат својот ракометен пат останува да видиме во иднина.
Будуќност остана на својата одлука да не игра во Регионалната лига, па единствен црногорски претставник ќе биде тимот на Лавици.

























