Втор триумф на младинците – Македонија повторно славеше против Саудиска Арабија

Машката младинска репрезентација на Македонија забележа уште една победа во рамки на подготвителниот период за претстојното ЕП.

По вчерашниот триумф со 35-26, избраниците на Игор Илиевски вторпат ја победија репрезентацијата на Саудиска Арабија, овојпат со резултат 22-21.

Младинците ги чекаат уште две проверки пред континенталниот собир во Романија, против Италија и Грција.

Македонија е во тешка група на ЕП во Романија и ќе игра против селекциите на Данска, Норвешка и Хрватска.