Машката младинска репрезентација на Македонија славеше на првата контрола против Саудиска Арабија пред настапот на ЕП во Романија.
Избраниците на Игор Илиевски победија со убедливи 35-26, откако и на полувремето водеа со 18-13.
Утре е втората контрола со азиската репрезентација што одработува дел од подготовките во Скопје.
Македонија е во тешка група на Европското првенство и ќе игра против Данска, Норвешка и Хрватска.





















