Вардар задржа уште три репрезентативки, останува и голманката Галачева

Екипата на Вардар, која во новата сезона ќе биде дел и од европските купови, продолжува со формирањето на ростерот.

„Црвено-црните“ ги задржаа младинската репрезентативка Дона Тодоровска, која беше меѓу најдобрите стрелци минатата сезона.

Остануваат и кадетските репрезентативки Неда Јанева и Драгана Тодоровска, а нова соработка е договорена и со голманката Марија Галачева.

Вардарки претходни ги обновија договорите со Елена Балоска, Мила Ристовска, Мина Ѓурческа, Евгенија Смиљковска, Ивана Трифуноска, а се засилија на голманската позиција со Марија Дуновска.