Во рани зори стартува младинскиот Мундијал – Франција ја брани титулата од СП во Македонија

Од утре рано наутро започнува Светското првенство за ракометарки до 20 години, кое ќе се одржи во Кина. На шампионатот ќе настапат 32 репрезентации од пет континенти, што е трето издание на турнирот со толкав број учесници.

Актуелниот светски шампион Франција, ќе ја започне одбраната на титулата што ја освои на СП во Македонија против Шведска во дербито на првиот натпреварувачки ден, додека Шпанија исто така важи за еден од главните фаворити за висок пласман.

Репрезентациите се поделени во осум групи со по четири селекции, а по две најдобри од секоја група ќе обезбедат место во главната рунда.

Покрај Франција и Шпанија, меѓу фаворитите за медал се вбројуваат и Данска, Норвешка, Унгарија, Германија и Хрватска, па љубителите на ракометот ги очекуваат десет дена исполнети со возбудливи натпревари и нови таленти на светската сцена.

СП младиннки, 1 коло:

05:45 
Австрија – Ангола
Шпанија – Аргентина
Црна Гора – Исланд
Унгарија – Кинески Тајпеј

08:00 
Србија – Парагвај
Јужна Кореја – Турција
Чешка – САД
Полска – Тунис

10:15
Франција – Шведска
Германија – Бразил
Данска – Гвинеја
Хрватска – Норвешка

12:30
Египет – Индија
Романија – Канада
Јапонија – Фарски Острови

13:00 
Кина – Алжир