Со промената на политичката власт во Унгарија, почна кризата во дел од клубовите во оваа земја со богата ракометна традиција.
Откако женската екипа на Дебрецин се откажа од играње во Лигата на шампионите, иако имаше можност да се пријави, уште три машки екипи не се пријавија за настап во ЕХФ Купот.
Машката екипа на Ференцварош одби да игра во ЕХФ Купот, а ист е случајот и со Балатонфуреди и НЕКА. Шансата за третото по ранг европско клупско натпреварување ја искористи екипата на ПЛЕР од Будимпешта.
Веспрем и ПИК Сегед се сигурни во Лигата на шампионите, Татабања исто така се пријави, но ако не добие вајлд-карта за елитата, ќе биде дел од Лигата на Европа.
























