Две ракометарки на Ѓер стапија во брак – романтична свадба на плажа

Ракометарките на Ѓер, Фодор Ченге и Бруна де Паула, денеска го кажаа судбоносното „да“ на свадбена церемонија што се одржа во Бразил.

Поранешната унгарска репрезентативка Фодор и бразилската ѕвезда Де Паула веќе подолго време јавно ја споделуваат својата врска, а деновиве објавија фотографии од предсвадбена фотосесија во романтична атмосфера.

„За неколку дена овие фотографии повеќе нема да бидат само предсвадбени спомени, туку дел од нашата свадбена приказна. Доаѓа 19 јуни. И ќе биде прекрасно“, напиша де Паула.

Двете ракометарки се дел од шампионскиот состав на Ѓер, а нивната свадба привлече големо внимание кај спортската јавност во Унгарија и Бразил.