Тимот на Стружанка од 18 до 21 јуни ќе биде дел од Европското мастерс првенство во португалскиот град Сетубал.
Ветеранките на Стружанка ќе настапат во категоријата +43, каде се пријавени 11 екипи и поделени во две групи.
Стружанка ќе игра во групата Б заедно со тимовите на ФИФ (Данска), Есфера (Португалија), Острава (Чешка) и Париз (Франција).
Ова првенство ќе се игра во шест категории – две кај дамите (+33, +43) и четири кај мажите (+35, +45, +50, +55).






















