Од Скопје во Куенка: Пинто се сели во Асобал лигата

Еден од ракометарите што си замина од Вардар по крајот на сезона веќе пронајде нов ангажман за претстојната сезона.

Десното крило од Португалија, Мигел Пинто, од септември ќе настапува во Асобал лигата во дресот на Куенка.

Пинто остана две сезони во Вардар, но немаше многу можности да ги покаже своите квалитети поради повреди.

Тој претходно беше дел од португалските Карваљос, Порто, Маиа и Агуас Санташ, пред да дојде во Скопје, а настапите во Шпанија ќе му бидат второ интернационално искуство.