Унгарија повторно ќе има финалист на Ф4 турнирот во женската Лига на шампионите откако актуелниот шампион со 31-30 (17-16) го победи француски Брест. Тие во финалето ќе играа со Мец чии ракометарки беа подобри од ЦСМ Букурешт, во првиот полуфинален натпревар.
Францускиот тим во голем дел од средбата имаше предност, но во вториот дел во последните десетина минути Унгарките израмнија, и потоа се играше „гол за гол“. Дулфер во последната минута погоди за водство, а Мец имаше половина минута да огранизира напад, но иако играа и „7 на 6“ не успеаја да упатат удар.
Средбата заврши со три црвени картони, два кај Брест (Петраки и Ондоно), и една кај Ѓер (Алмеида де Паула). Дионе Хушер со 9 гола беше најпрецизна кај Ѓер, Ана Вјахирева даде 7 за Брест.
Прво францускиот тим во 22 минута остана без Ондоно поради директен удар во главата на Алмеида од Ѓер. Само неколку минути подоцна Алмеида исто така доби црвен картон поради удар во главата на Аника Лот. Во 50 минута Петраки поради три исклучувања мораше за замине на трибините, а Брест остана повторно без играч.
____________________________________________________________________________________________________
▶▶▶ Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________
























