Специјализираниот портал за ракомет, 24Ракомет, сезонава избира „Ѕвезда на колото“ во Супер женската лига.
Читателите ќе имаат можност да ја изберат ракометарката што најмногу покажала во колото што е завршено и да биде избрана за „Ѕвезда на колото“.
Читателите ќе може да гласаат за една од ракометарките, и според освоените гласови една од номинираните ќе го понесе и епитетот „Ѕвезда на колото“.
Со помош на вашите гласови ќе ја одбереме најдобрата ракометарка, која ќе биде ѕвезда, односно МВП на 28. коло од Супер женската лига.
Во изборот за ѕвезда на 28. коло има по една ракометарка од Ѓорче Петров, Вардар и Пелистер.
За ѕвезда на колото може да гласате до недела до 12:00 часот.
Супер женска лига, 28. коло, резултати:
ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – СПАРТАК 46-27
ПЕЛИСТЕР – КУМАНОВО 24-20
АСТИБО – ВАРДАР 37-45
ЧАИР – МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА 10-0 сл.
ТРИ ЅВЕЗДИ НА 28. КОЛО ОД СУПЕР ЖЕНСКАТА ЛИГА
Ивана Трифуноска (Вардар) – Десниот бек на вардарки го водеше нејзиниот тим до бодови на гостувањето во Штип.
Анастасија Тодоровска (Пелистер) – Бекот го предводеше битолскиот тим до убедлива победа над Куманово.
Марија Јанкуловска (Ѓорче Петров) – Левиот бек на шампионот даде осум погодоци во триумфот против Спартак.
____________________________________________________________________________________________________
Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________
























