Јованка Радичевиќ доби големо државно признание: Црногорскиот дрес ме носеше мене, а не јас него

Легендарната ракометарка Јованка Радичевиќ, една од најдобрите спортистки во историјата на Црна Гора, доби високо државно одликување од претседателот на државата, Јаков Милатовиќ.

На свеченоста во Цетиње, Радичевиќ, кој пет сезони го носеше дресот на Вардар, беше одликувана со орден на црногорското знаме од втор степен, како признание за нејзиниот огромен придонес во афирмацијата на црногорскиот спорт и држава.

Во образложението, Милатовиќ истакна дека Јованка не е само носител на првиот и единствен олимписки медал за независна Црна Гора, туку и спортистка која тој историски успех го претворила во дел од идентитетот на црногорскиот спорт.

Емотивна беше и самата Радичевиќ, која нагласи дека признанието доаѓа во посебна година, кога Црна Гора одбележува 20 години независност.

„Имав богата кариера, но секогаш се трудев преку ракометот да ја претставам мојата земја на најубав можен начин. Никогаш не заборавив од каде доаѓам. Дресот на репрезентацијата за мене беше посебна емоција. Не го носев јас него, туку тој мене. Кога беше најтешко, не ми дозволуваше да се откажам“, порача легендарното десно крило.

Радичевиќ останува една од најголемите икони на црногорскиот и европскиот женски ракомет, со богата кариера исполнета со трофеи, медали и незаборавни настапи за националниот тим.

Покрај за матичниот тим Будуќност, Радичевиќ играше за Ѓер, Вардар, ЧСМ Букурешт, Кастамону и Крим, каде што ја заврши кариерата.