Еве кога и каде Вардар ќе ја добие титулата!

Ракометарите на Вардар ќе ја добијат шампионската титула во Супер лигата во среда на 27 мај.

Иако според распоредот, „црвено-црните“ требаше да му гостуваат на Бутел Скопје, овој клуб направи џентлменски потег и се согласи овој меч да се одигра на теренот на Вардар.

Тоа значи дека вардарци како гости ќе играат во големата сала на СЦ „Јане Сандански“, но ќе имаат можност со своите навивачи да ја прослават титулата што ја потврдија одамна.

Натпреварот меѓу Бутел Скопје и Вардар е закажан за 19:00 часот.

Претходно, Вардар утре на домашен терен ќе игра со Тиквеш од 18:45 часот во малата сала на СЦ „Јане Сандански“, додека бутелци в сабота од 18:00 часот ќе гостуваат кај „сино-белите“ од Автокоманда.